Шардоне 2025
Овошен и хармоничен бел вински профил со пријатна структура.
Пријатни овошни ароми со препознатлив сортен карактер.
Риба, пилешко месо, морски плодови, свежи салати и лесни тестенини.
- Бесплатна достава над 1500 ден
Со Шардоне 2025 продолжува нашата приказна за семејното лозарство и производството на вино во Кавадарци. Грозјето од сопствените лозја во Тиквешкиот регион е почетокот на секое шише, а секоја нова берба носи уште едно поглавје во развојот на нашата винарија.
Оваа берба освои бронзен медал со 86 поени на Wine Vision by Open Balkan 2026. Признанието е важен момент за нашето семејство и дополнителна причина да го споделиме ова вино со љубителите на македонското вино.
Послужете го со риба, пилешко месо, салати или тестенини со лесни сосови.


