Прескокни до содржината
Настани3 октомври 2026 г.

Wine Vision by Open Balkan – повторно во Белград

Wine Vision by Open Balkan – повторно во Белград

Од 10 до 12 октомври 2026, Белград повторно ќе стане место на средба за винари, љубители на вино и професионалци од целиот регион.

По минатогодишното учество, оваа година повторно се враќаме на Wine Vision by Open Balkan — со нашите вина од Кавадарци и приказната што започнува во нашите лозја во срцето на Тиквешијата.

Минатогодишните моменти ни оставија убави спомени и нови познанства. Оваа година доаѓаме со нова берба, нови приказни и истата желба да го претставиме македонското вино пред посетителите од регионот и пошироко.

📍 Белград, Србија
📅 10–12 октомври 2026
🍷 Wine Vision by Open Balkan 2026

Ако сте во Белград во овие денови, поминете и запознајте ги вината на Семејна Винарија Мешкови од Кавадарци.

Од нашите лозја до вашата трпеза.

Тагови:Настани
Споделете:

0 Коментари

Сè уште нема коментари. Бидете први кои ќе споделат мислење.

Додај коментар

Најавете се за да прикачите слика на вашиот коментар.