Прескокни до содржината
Настани13 ноември 2026 г.

Мешкови на „Саем за храна 2026“ – сабота, 14 ноември

Мешкови на „Саем за храна 2026“ – сабота, 14 ноември

Оваа сабота, 14 ноември 2026, Градскиот парк „Школка“ станува место за домашна храна и традиција. „Саем за храна 2026“ ги собира локалните производители на едно место: домашен леб, мед, ајвар, сирење, суво месо, ракија и, се разбира, вино.

Со задоволство ќе бидеме дел од саемот и ќе ја претставиме Семејна Винарија Мешкови од Кавадарци. На нашиот штанд ќе можете да ги пробате нашите вина, меѓу кои и Вранецот што освои сребрен медал на Wine Vision во Белград и во 2025 и во 2026 година, и да дознаете повеќе за тоа како ги правиме, од лозјето до шишето.

Саемот се одржува под мотото „Вкуси ја традицијата“, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Здружението „Ж'ТА“.

За нас, секоја средба со луѓето што ја ценат домашната храна и доброто вино е можност да споделиме дел од она што го создаваме. Поминете, пробајте и раскажете ни како ви се допаѓа.

Се гледаме во сабота!

📍 Градски парк „Школка“
📅 14 ноември 2026
🕙 Почеток: 10:00 часот

Споделете:

0 Коментари

Сè уште нема коментари. Бидете први кои ќе споделат мислење.

Додај коментар

Најавете се за да прикачите слика на вашиот коментар.

Клуб на Винарија Мешкови

Членовите уживаат повеќе.

Придружете се на клубот на Винарија Мешкови и добијте специјални цени, ран пристап до ограничени серии, покани за дегустации и ексклузивни понуди во текот на целата година.

  • Промоции само за членови
  • Ран пристап до ограничени серии
  • Покани за дегустации во винаријата
  • Подарок при првата нарачка
Станете член за да ги добиете бенефициите Најавете се тука

Семејна винарија од срцето на Тиквешијата, каде секое зрно грозје потекнува од нашите лозја. Со посветеност кон квалитетот и почит кон природата, создаваме вина што ја раскажуваат приказната на нашето семејство и нашиот крај.

Полнето со мерак Тиквеш, Кавадарци
Наградувано
Меѓународни медали
100% сопствено грозје
Грозје од сопствени лозја
Рачно изработено
Цедено во мали количини
Семеен бизнис
Од нашата фамилија за вашата
Мешкови – Семејна Винарија од Кавадарци | Македонско Вино © 2026. Сите права се задржани.
Уживајте одговорно · 18+